Јануарскиот преоден рок е на прагот и тимовите полека почнуваат да се договараат за некои засилувања, а истото го прави и управата на Арсенал.
Стратегот на Барселона, Чави Хернандез, истакна дека има голема желба да го доведе младиот играч од Белгија, Артур Вермерен, но како што стојат работите, тој ќе заврши во Арсенал. Тој целата досегашна кариера е член на Антверпен.
Во него сите во Барселона го гледаат новиот Бускетс и токму затоа сакаат да го доведат, но изгледа дека „топчиите“ ќе бидат побрзи.
Како што пренесуваат медиумите од Англија, Арсенал веќе во јануари е спремен да плати 15 милиони евра за овој фудбалер.