Екипата на Борусија Дортмунд се уште не може да се освести од шокот како минатата сезона ја загуби титулата во последното коло. Се беше спремно за славење, а разврската беше титула за лутиот ривал Баерн, и „салатарата“ место во Дортмунд замина во Минхен.
Првото германско „Класико“ во оваа сезона ќе се одржи на „Сигнал Идуна Парк“ со почеток од 18:30 часот. Марко Ројс од едната страна против Хари Кејн на другата.
Борусија е на четвртото место со 21 бод, нема загубено меч но има три ремија во девет натпревари. Непобедливоста на „милионерите“ на домашен терен изнесува 20 домашни натпревари вклучувајќи го и минатосезонското реми со Баерн 2:2.
Баерн исто така не е поразен во Бундес лига, со два бода предност во одност на најголемиот ривал, но исто така и со два бода помалку од лидерот Баер Леверкузен. „Баварците“ веќе 10 меча се непоразени од Дортмунд (девет победи и едно реми). Ако и денес не изгуби ќе го изедначи клупскиот рекорд во непобедливост против Дортмунд.
Баерн на Борусија и има дадено 44 гола во последните 13 дуели, но нема да играат Кимих, Матијс де Лихт, а Мазруи, Горецка и Коман се под знак прашалник. Кај Дортмунд единствено Дуранвил е повреден, а неизвесен е Нмеча.
БОРУСИЈА: Кобел – Рајерсон, Хумелс, Шлотербек, Бенсебаини – Нмеча, Џан – Мален, Ројс, Брант – Фулкруг
БАЕРН: Ноер – Мазрауи, Упамекано, Ким, Дејвис – Лајмер, Горецка – Сане, Мусиала, Коман – Кејн