Екипата на Тотенхем имаше водство од 0-1 на гости против Вулверхемптон до почетокот на судиското продолжение, а потоа се случи експлозија на домаќините кои на крајот во луда завршница триумфираа со 2-1.

Бренан Џонсон уште во третата минута донесе предност за Тотенхем и се чинеше дека со тој гол ќе успеат да стигнат до победа.

Сепак, Вулверхемптон израмни во 91.минута со голот на Пабло Сарабија, а Марио Лемина се погрижи за целосен пресврт во 97.минута.

Вулвс го шокираше Тотенхем кој веќе си ги запиша бодовите. Тотенхем врза два порази по ред, по загубениот дуел од Челси,