Украинскиот фудбалер Олександр Зинченко е нов играч на тимот на Арсенал, соопшти лондонскиот клуб.

Зинченко во Арсенал доаѓа од редовите на актуелниот англиски шампион Манчестер Сити, а со клубот потпиша повеќегодишен договор, во трансфер вреден 32 милиони фунти.

За Сити настапуваше од 2016 година, а за тој клуб има забележано вкупно 128 настапи, додека за украинската репрезентација одигра 52 натпревари.

Во текот на кариерата 25-годишниот играч, кој може да игра во средниот ред и на позицијата лев бек, настапуваше и за руската Уфа, а во сезоната 2016/17. замина на позајмица во ПСВ Ајндховен .