Аргентина не застанува со фудбалските активности додека во тек се Олимписките игри во Париз, па така фановите од оваа земја можат да уживаат во возбудувањата кои ги носи најсилното првенство.
Во период кога сите очи се вперени кон случувањата во француската престолнина, Јужна Америка на големо пишува за фудбалската бравура која била изведена на мечот меѓу Ланус и Тигре, магија која ја изведе Валтер Боу.
Двата тима биле на добар пат да ги поделат бодовите со резултат 2:2, но такво нешто не дозволил напаѓачот на Ланус кој режирал страшна акробација.
Бау најпрво ја примил топката на гради и решил да шутира со „ножички“ надвор од шеснаесетникот, а перфектната техника која ја изведе прави голот да изгледа како вистинско ремек-дело.
Јужноамерканските медиуми веќе на големо бараат од ФИФА воопшто да не отвора анкета за новата „Пушкаш“ награда, бидејќи според нив ова е голот кој ќе ја одбележи 2024-та година.
https://twitter.com/i/status/1820374292338544740
https://twitter.com/i/status/1820265659697082493