Манчестер Сити доживеа болна елиминација во Лигата на шампионите и нема да игра во финалето на елитното европско клупско натпреварување. Реал со чудесен пресврт го победи Сити со 3-1 во реваншот во Мадрид и закажа финален дуел со Ливерпул во Париз.

Но, раководството на „граѓаните“ подготвува утеха за Пеп Гвардиола. На лето на „Итихад“ треба да пристигнат неговите две желби, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Френки де Јонг од Барселона.

Манчестер Сити ќе плати повеќе од 200 милиони евра за овие два трансфери, но тоа и не е некој посебен проблем за богатите сопственици.

Веќе е договорен трансферот на напаѓачот Хулијан Алварез од Ривер Плата, па Пеп Гвардиола следната сезона ќе има уште помоќен тим за да тргне во напад на трофејот во Лигата на шампионите.