Младиот 19-годишен Шпанец во првиот сет славеше со 6-2, но потоа Надал врати со 1-6. Во третиот решавачки сет, Алкараз се радуваше со 6-3 за да закаже уште една епска пресметка и тоа со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.
Ова е прва победа на Алкараз против Надал и ја продолжува неверојатната форма во 2022 година, бидејќи има 26 победи и само три порази. Тој воедно стана и најмладиот полуфиналист во историјата на турнирот во Мадрид.