Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос откако Италијанецот Јаник Синер го предаде мечот поради повреда на коленото. Овој момент се случи при 1-1 во сетови 1:6, 6:4, 2:0.
Синер одигра одлично во првиот сет. Италијанскиот тенисер, кој е 12-ти во светот, веднаш му го одзеде сервисот на Рубљев и поведе со 2:0. Синер продолжи да доминира и уште еднаш направи брејк и дојде до убедлива победа во првиот сет.
Во вториот сет видовме голема борба. Немаше прекини, на крајот се повреди Јаник Синер. Тој се здоби со повреда на коленото, загуби сервис и сет.
Синер стисна заби и се обиде да го продолжи мечот во третиот сет, но не успеа. Тој мораше да се откаже по само два одиграни сетови поради големи болки во коленото.
Така до четвртфиналето стигна Андреј Рубљев, седмиот светски играч. Таму го чека подобриот од натпреварот меѓу Чилиќ и Медведев.