Дејвис куп репрезентацијата на Русија поведе против селекцијата на Германија во второто полуфинале на завршниот турнир во Мадрид.
Првиот бод на „тимот“ го донесе Андреј Рубљев, кој во два сета за само 49 минути го совлада Доминик Кепфер – 6:4, 6:0.
Следни на теренот излегуваат Данил Медведев и Јан-Ленард Штруф, а доколку триумфира вториот тенисер во светот, Русија ќе се пласира во финалето каде в недела би играла против Хрватска.
Рубљев го направи првиот брејк во третиот гем и успешно го приведе до крајот првиот сет.
Во вториот Германецот беше целосно исчистен од теренот во Мадрид, бидејќи освои само 10 поени во целиот сет.