Српскиот тенисер Ѓоковиќ го совлада Денис Шаповалов во четвртфиналето на АТП турнирот во Аделаида. Новак го победи Шаповалов во два сета (6:3 и 6:4) во меч кој беше прекинуван во првиот сет поради огномет.
Одлучувачкиот момент се случи при водство на Србинот со 4:3, кога направи брејк искористувајќи ги сервис грешките на противникот. Тоа беше вовед во крај на сетот кој траеше час и една минута.
Во вториот Ноле водеше со 3:2, но Канаѓанецот направи пресврт и потоа застана. Српскиот тениски ас направи одлична серија и го доби мечот.
Во саботното полуфинале Ѓоковиќ ќе игра против третиот носител, рускиот тенисер Данил Медведев кој во четвртфиналето во два сета го победи Карен Качанов (6:3 и 6:3). Во другиот полуфинален дуел се: Себастијан Корда (САД) и Јошишито Нишиока (Јапонија).