Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови го победи Карен Хачанов на Мастерсот во Париз и успеа да се пласира во 1/4 финалето на овој турнир. Иако резултатот не кажува така, во гемови беше 6:4 и 6:1, сепак за Србинот ова не беше  така лесна победа, и тоа само во првиот сет.

Новак одлично го почна мечот, поведе против рускиот тенисер со 3:0 во гемови во првиот сет, но потоа “влезе“ нервозата и брзо беше 3:3.

Сепак на крајот успеа да го добие сетот со 6:4. Во вториот сет следуваше голема доминација на Ѓоковиќ, Хачанов немаше апсолутно никакви шанси, па Новак го доби сетот со 6-1.

Во 1/4 финалето Новак ќе се сретне со Лоренцо Музети од Италија.