Полската тенисерка Ига Свјонтек се пласираше во осминафиналето со победата од 2-0 во сетови над Црногорката Данка Ковиниќ.

Свјонтек беше подобра но потешко од од очекуваното, по час и половина игра – 6:3, 7:5.

Ова беше 31. победа во низа за најдобрата тенисерка на светот, а во осминафиналето ќе игра против подобрата од дуелот Женг – Корне.

Ига направи некарактеристично многу грешки од почетокот на мечот, а Ковиниќ не ризикуваше многу, па целта и беше да и парира на ривалката во поле.

Свјонтек направи брејк за 3:0, но потоа загуби два сервиси за 4:3.

Сепак, следните осум поени и припаднаа на Полјакињата.

Фуриозниот финиш на првиот сет ја одведе Свјонтек во многу подобра игра во вториот сет и сите очекуваа најдоминантната личност во тенисот во моментов рутински да ја заврши работата.

Сепак, црногорската претставничка го подигна нивото на игра и почна да игра крајно прецизно и разноврсно.

Таа ги врати двата брејка, стигнувајќи до 5:4, но притисокот не е збор што го знае 20-годишната тенисерка од Полска.

Таа повторно го забрза ритамот, направи брејк од 30:0, а потоа лесно сервираше за победа.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1530514273214115840?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530514273214115840%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Frolandgarros2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2162246