Лос Анџелес Лејкерс најдоа тренерско решение. Френк Фогел на клупата ќе го замени Дарвин Хем, досегашниот помошник тренер во Бакс .

Трофејниот американски НБА кошаркарски клуб Лос Анџелес Лејкерс за нов тренер го избра Дарвин Хем (48), поранешниот помошник на Мајк Буденхолцер во Милвоки Бакс, објавија американските медиуми.

Хем треба да го замени Френк Фогел на клупата на Лејкерси, кој доби отказ откако не успеа да се пласира во плеј-офот оваа сезона и покрај тоа што пред две години на Лејкерс им ја донесе 17-та шампионска титула.

Ова ќе биде прва тренерска работа за Хем во неговата кариера, откако беше НБА асистент во изминатите 11 години, вклучувајќи го и периодот 2011-2013 што го помина во Лејкерс. Од 2018 година е асистент на Бакс со кои минатата година ја освои титулата.

Во текот на својата играчка кариера, Хем помина осум сезони во НБА.

Лејкерси договорија соработка со Хем на четири години.