Кошаркарот на Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ, нема да игра за Србија на претстојното Европско првенство.
Српскиот ас беше опериран на коленото поради што ќе мора да се опорави и нема да може да им помогне на соиграчите од репрезентацијата. Богдановиќ се повреди пред крајот на сезоната и ова е втор пат да го повреди неговото колено (овој пат другото) откако на крајот на септември 2018 година беше подложен на артоскопска процедура.
„Нашиот репрезентативец пред две-три недели беше опериран на десното колено, а за опоравување е потребно време, не многу кратко, најмалку три месеци. Се слушаме речиси секој ден, процедурата помина во најдобар ред, на клиника во Калифорнија, а потоа треба да дојде во Србија, Белград“, изјави репрезентативниот лекар проф. д-р Драган Радовановиќ за „Спорт клуб“.
На почетокот на септември започнува ЕП, па не е за очекување да го гледаме Богдановиќ.
Тренерот Светислав Пешиќ најави објавување на списокот следната недела, како и дека на него нема да има играчи од НБА лигата.
„Не треба да брзаме, особено што не е спуштена завесата на финалето на кошаркарските првенства во Европа. Рокот е 20 јуни и може да се случи да го објавам списокот со репрезентативни кандидати за ФИБА квалификацискиот прозорец и Европско првенство во средината на следната недела.Она што е познато е дека во претстојната сениорска акција нема да има играчи од НБА лигата, изјави Пешиќ и додаде:
Во моментов двата најважни натпревари за Србија се „прозорците“ на ФИБА, на последниот ден од јуни против Летонија во Рига и на 3 јули во нишкиот „Чаир“ со Белгија.
Пешиќ имаше повеќе среќа со кошаркарот на Ефес, Василије Мичиќ, кој не беше сериозно повреден.
„Игра за Анадолу Ефес , тоа е единственото нешто што е важно. Можам само да кажам дека сите ќе бидат поканети. Ќе бидат повикани 24 играчи . Тоа секогаш го правиме поради можни повреди, откази, затоа тоа не се многу кандидати, како и да мислите“, смета Пешиќ.
Евробаскетот се одржува од 1 до 18 септември, а Србија ќе игра во група со Чешка, Полска, Финска, Израел и Холандија.