Кошаркарите на Реал Мадрид поведоа против Барселона во финалната серија од АЦБ лигата.
Европскиот вицешампион по победата на фајналфорот во Евролигата на домашен терен ги совлада Каталонците со резултат 88:75.
Мадриѓаните го започнаа походот кон 36-та титула шампион на Шпанија, прва по три години.
Веќе во првото полувреме беше јасно дека Реал ќе стигне до брејк, а најголемата разлика ја имаше во третата четвртина и изнесуваше +23.
Дек беше најефикасен со 18 поени и пет скока, Ханга постигна 16, а Козер 15. Двоцифрен беше Јабуселе со 11 поени и девет скока.
Кај Барса тројца имаа двоцифрен ефект. Лапровитола имаше 15, Миротиќ 13 поени со шест фатени топки, а Курик 12 поени.
Следниот натпревар повторно се игра во Барселона во среда од 21.00 часот.
Шампион станува тимот кој прв ќе стигне до три победи.