Јута џез на домашен терен загуби од Сакраменто со 115:117 во меч кој имаше неверојатна завршница. Сакраменто водеше со 113:109, а домаќините стигнаа да израмнат на 115:115. Сепак, во последниот напад гостите постигнаа два поени преку Деарон Фокс за водство од 117:115, и тоа само на 0,4 секунди до крајот.
Јута веднаш изведе последен напад, топката преку целиот терен дојде до Лаури Марканен, кој погоди тројка за голема радост на домашните навивачи. Сепак, по гледање на снимката, судиите потврдија дека шутот на Марканен е за 0,1 секунда по истекот на времето и тројката беше поништена.
Јанис Адетокумбо е незадржлив. Првата ѕвезда на Милвоки постигна 55 поени само за 36 минути на теренот против Вашингтон, а Милвоки победи со 123:113. Освен 55-те поени, Јанис имаше и 10 скока и седум асистенции.
Најдобриот тим во лигата, Бостон селтикс, загуби на гостувањето кај Оклахома со 150:117. Дури петмина кошаркари на Оклахома постигнаа 20+ поени.