Најголемата ѕвезда во зимскиот преоден рок, Кристијано Роналдо, дебито за својот нов тим, Ал Наср ќе го има на 21 јануари и тоа против тимот на македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски.
Роналдо пред два дена и официјално беше промовиран како нов фудбалер на Ал Наср со кого потпиша две и пол годишен договор кој треба да му донесе вкупна заработка од неверојатни 500 милиони долари.
Иако се очекуваше дебито да го има денеска во дуелот против Ал Тае во рамки на 12-то коло во Премиер лигата на Саудиска Арабија, поради суспензијата од два меча додека настапуваше за Манчестер јунајтед, Роналдо ќе почека уште 15-тина дена пред да истрча на „Мрсол Парк“ пред навивачите на Ал Наср.
Поради тоа, дебито на Роналдо во дресот на Ал Наср ќе биде на 21 јануари против тимот на Ал Итифак за кого настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.