Роналд Куман пред две недели даде интервју во кое го нападна претседателот Жоан Лапорта, но и изјави дека благодарение на нему, Барселона има иднина.
Откако го кажа ова, клубот доби лекција од Барселона на „Камп Ноу“ со 0-3 од Барселона, а синоќа во Ла Лига се изнамачи да дојде до реми 1-1 против Гранада.
Шпанските медиуми веќе објавуваат дека Лапорта го загубил трпението и решил да го отпушти Холанѓанецот. Наводно клубот ќе треба да му плати обештетување на Куман за предвремениот раскин на договорот.
Веќе се појави и листа на потенцијални кандидати, а како најголем фаворит се смета Чави. Потоа тука се Андреа Пирло, Марсело Биелса, Ерик тен Хаг и Антонио Конте.