Помалку изненадувачки, Бразилец од Галатасарај е стрелец на најубавиот гол сезонава во Лигата на шампиони. Со гласање на фудбалските вљубеници од целиот свет беше избран најубавиот гол во изминатава сезона од ЛШ, која заврши со триумф на Реал Мадрид во големото финале против Борусија Дортмунд (2-0) на „Вембли“.
Наградата замина во рацете на бразилскиот интернационалец во дресот на Галатасарај, Тете.
Тој признанието го доби за изедначувачкиот погодок во 88. минута од мечот против Копенхаген (2-2), кога погоди со прекрасен волеј удар од линијата на противничкиот шеснаесетник.