Фудбалската репрезентација на Србија одигра одличен натпревар и со убедливи 0:3 ја совлада селекцијата на Шведска во натпревар во кој Златан Ибрахимовиќ се збогуваше со фудбалот.

 

Србија доминираше скоро во текот на целиот натпревар. Резултатот беше отворен по само 18 минути игра, а тоа беше единствениот гол во првиот дел. Стрелец на голот беше Милинковиќ-Савиќ.

Во второто полувреме во период од 60-та до 70-та минута видовме два голови кои ги постигнаа Александар Митровиќ и Душан Тадиќ.

Шведска најмногу шанси создаде во последните дваесетина минути, меѓутоа не успеа да дојде до погодок.

Во останатите пријателски средби Унгарија со 3:0 го совлада Израел, додека натпреварите Швајцарија – Австрија и Словенија – Бугарија завршија без победник 1:1.