Репрезентацијата на Хрватска славеше победа на последната контролна средба пред Европското првенство против Португалија со 1:2.
Хрватска на Европското првенство ја очекува тешка група во која се уште Италија, Шпанија и Албанија, а натпреварот во Лисабон е најава за добар настап на Хрватите на континенталниот собир.
Натпреварот беше отворен по само осум минути игра кога од пенал во листата на стрелци се запиша Лука Модриќ. Со преднста од еден гол Хрватска замина на паузата за изедначување во вториот дел да донесе фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота.
Победата за Хрватска ја обезбеди Будимир со голот во 56. минута. На натпреварот публиката со силни овации го поздрави Лука Модриќ, додека Роналдо не настапи и доби дополнителен одмор од селекторот пред ЕП.