Валјадолид со минимални 1-0 го совлада Реал Сосиедад во рамки на 11.коло во Ла Лига. 

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Серхио Леон уште во 16.минута. За Баскијците ова беше прв пораз по фантастичната низа од пет победи по ред.

Сосиедад останува на 3.место на табелата со 22 бода, но може да падне во зависност од резултатот на дуелот помеѓу Бетис и Атлетико. Валјадолид е 11-ти со 14 бода.