Магдебург ќе игра во големото финале на Супер Глоуб турнирот, кој се смета за неофицијално Светско клупско првенство во ракомет.
Бундеслигашот го совлада египетскиот тим Ал Ахли со 36-28. Првото полувреме беше далеку понеизвесно, а Германците постојано водеа со 2-3 голови разлика. На паузата резултатот беше 18-17. Во вториот дел Магдебург ги презема работите во свои раце и брзо направи опиплива предност, што не ја испушти до крајот за конечни 36-28.
Оман Инги Магнусон со осум голови беше најдобар кај Магдебург, Тим Хорнке имаше пет, додека Кај Смитс и Лукас Мертенс постигнаа по четири. Мохсен Махмуд со седум голови најмногу се истакна кај Ал Ахли.
Магдебург во големото финале ќе се соочи со подобриот од вечерашната пресметка помеѓу Барселона и Кјелце.