Фудбалската репрезентација на Србија лошо ги почна финалните подготовки за Европското првенство каде ќе се обиде да го поправи впечатокот од последниот Мундијал.

 

„Орлите“ загубија со 1-2 на гостувањето во Австрија што веројатно дополнително ќе го засили притисокот кон фудбалерите и селекторот Драган Стојковиќ. Факт е дека тој испроба некои нови варијати пред континенталниот шампионат, но по лошите резултати кон крајот на минатата година, ова е само уште еден момент кој не му оди во прилог на Пикси.

 

Австрија ја искористи почетната збунетост на противничките фудбалери и рано дојде до убедливо водство. Со головите на Вимер во десеттата и Баумгартнер во 13. минута веќе беше 2-0, па Павловиќ на десет минути пред крајот на полувремето го постави конечниот резултат. Во вториот дел Србија играше со два шпица, но не успеа да се избори за нерешен резултат.

 

Португалија и Финска им приредија вистинско задоволство на љубителите на фудбалот во Лисабон. Победи домашниот тим со 4-2 иако во своите редови го немаше Кристијано Роналдо кој доби поштеда и ќе настапи на дуелот против Хрватска.

Рубен Диас, Жота и два пати Бруно Фернандес погодија за Португалија, додека Пуки ги постигна двата гола за Финска.