Репрезентацијата на Португалија и без Кристијано Роналдо е доволна силна и може да постигне по неколку гола на секој натпревар. Селекцијата на Роберто Мартинез ја победи Финска со 4-2 во Лисабон во првата подготовка за настап на Европското првенство.
Франциско Консеисао го одигра само вториот меч за сениорскиот национален тим и импресионираше со две асистенции и изнуден пенал. Рубен Дијаш во 17.минута донесе водство, а Диого Жота од пенал погоди за 2-0 во 45.минута. Бруно Фернандеш во 55.минута го постигна третиот гол за Португалците, а потоа со два гола Тимо Пуки ја врати неизвесноста на овој дуел.
Сепак, за конечните 4-2 повторно стрелаше Бруно Фернандеш во 84.минута.
Европскиот првак Италија одигра реми без голови против Турција на тестот во Болоња.
Ирска ја победи Унгарија со 2-1, Романија и Бугарија ремизираа без голови, додека Швајцарците ја декласираа Естонија со 4-0.