Бразилскиот десен бек и најтфоеен фудбалер на сите времиња Дани Алвеш се враќа во Барселона.

Ова официјално го потвдија и од Барселона. Договорот кој Алвеш го потпиша е со важност до 30.06.2022 година.

Алвеш доаѓа како слободен играч откако во септември го раскина договорот со Сао Паоло. Интересно е дека тој доаѓа да игра на „Камп Ноу“ за неделна плата од само едно евро.

Откако Дани Алвеш го напушти каталонскиот клуб, позицијата десен бек остана ранлива и ова се смета за одлично решение до крајот на оваа сезона.

https://twitter.com/FCBarcelona_cat/status/1459419516866338822?s=20