Фудбалерите на Вердер Бремен обезбедија враќање во Бундеслигата откако на домашен терен го совладаа Јан Регенсбург со 2-0 во мечот од последното 34. коло на „Блум“.
Вердер поведе во 10. минута со голот на Никлас Филкруг, а конечниот резултат го постави Марвин Дукс во 51. минута.
Тимот од Бремен сезоната ја заврши на второто место со 63 бодови, а претходно пласман во Бундеслигата обезбеди првопласираниот Шалке (65).
Во бараж натпреварот за Бундеслигата ќе играат Херта Берлин и Хамбургер.