Баварскиот гигант Баерн Минхен ова лето останува без Роберт Левандовски. Тој вчера најверојатно го одигра последниот меч за клубот и иако има уште една година од договорот, сака да се пресели на „Камп Ноу“.

Но, ниту Баерн нема да седи и мирно да гледа, туку подготвува „одмазда“ за Барселона.

Германските медиуми откриваат дека спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ е во интензивни преговори со Осман Дембеле и сака да го доведе во Минхен.

Тој е слободен агент ова лето, а Барселона го убедува да ја продолжи соработката. Во минатото, тој играше во Бундес-лигата, во дресот на Борусија Дортмунд.

Покрај Дембеле, Баерн Минхен е заинтересиран и за Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.