Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски одигра цел натпревар за Ал-Ахли Џеда, а неговиот тим дојде до победа над Ал Тае (3-1) и така се врати на победничките патеки.
Тимот игра под очекувањата и се наоѓа во долниот дел на табелата. Настана тренерска смена, па Ал-Ахли почна да победува. Алиоски одигра до последниот судиски свиреж, а во еден момент од мечот продаде атрактивен „тунел“ откако протна топка меѓу нозете на ривал.
Алиоски ужива првотимски статус во Ал-Ахли, а во моментов тимот се наоѓа на десеттата позиција на табелата.