Екипата на Брентфорд со 2-0 стигна до победа на гостувањето кај Челзи, а сините од Лондон повторно ја вратија лошата форма од почетокот на сезоната.
Челзи беше сериозен фаворит во дуелот со Брентфорд, но тимот на Маурисио Покетино го загуби натпреварот.
Гостите одиграа храбро и заслужија да ги освојат трите бода.
Резултатот го отвори Пинок во 58. минута по асистенција од Ембуемо.
Пред последниот судиски свиреж, во 96. минута Ембуемо постигна гол по една контра за конечни 2-0 за и голем триумф за Брентфорд.