Барселона со победа ја отвори новата сезона и новата ера со тренерот Ханси Флик, откако изминатава вечер мораше да прави пресврт за да слави над Валенсија со 1:2.
Иако играч на мечот беше Левандовски, Јамал беше тој кој му асистираше на Полјакот при голот за 1:1, а во вториот дел изведе и еден фудбалски деликатес, поради кој подоцна доби стоечки овации од „Месталја“.
Јамал режираше фудбалски „рулет“ во стилот на Зинедин Зидан, при што испорача и извонредна асистенција до Феран Торес кој не успеа да го совлада Мамардашвили.
Овој потег предизвика воздишки на трибините, а навивачите на Валенсија во продолжение покажаа доблест и го поздравија Ламин кога овој беше заменет од Ханси Флик.