Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола со Манчестер сити започнува нова мисија, а тоа е поход кон нова титула во Премиер лигата. Сити уште на стартот имаат голем предизвик затоа што гостуваат во Лондон на Челзи. Шпанскиот стратег во разговор за Арена спорт, откри дека се восхитува на менталитетот на спортистите кои доаѓаат од Балканот, а посебно ги истакна српските ѕвезди Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ.
„Во Србија мора да сте многу горди и тоа не само поради Ѓоковиќ. Менталитетот со кој тој играше во финалето на Олимписките игри против Алкарас беше величествен. Но, тука се и ватерполистите. Србија лошо започна, а потоа победи со гол во последната секунда, па на крајот во финалето ја победија Хрватска. Тука е и Никола Јокиќ. Србија за малку ќе ја победеше Америка во кошарка. Менталитетот во цела поранешна Југославија е неверојатен. Би сакал тоа да го научам, како да се борам апсолутно за сѐ“, рече Гвардиола, кој во својот состав има двајца фудбалери од екс-Ју и тоа Хрватите Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол.