Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов го напушта молдавскиот првак Шериф Тираспол и се сели во Турција. Тој е пред трансфер во турскиот второлигаш Маниса заедно со напаѓачот Калид Абдул Басит.

Турските медиуми најавуваат дека преговорите се во завршна фаза и дека Бобан Николов до крајот на оваа седмица треба да стави потпис на договорот.

Бобан Николов ја почна кариерата во Брегалница, играше и за академијата на Георге Хаџи, Фарул Костанца, Вардар, Фехервар и Лече.