Баерн Минхен е фаворит за ангажман на напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ. Баварците денеска го презентираа Садио Мане и сега се движат кон следните цели. Тие сакаат да доведат и централен напаѓач, бидејќи нема да имаат играч на оваа позиција доколку се оствари очекуваното заминување на Роберт Левандовски во Барселона.

За Калајџиќ беше заинтересирана и Борусија Дортмунд, но од Ајакс ќе пристигне Себастијан Але, па се откажуваат од трката.

Неколку клубови од Англија исто така ја следат ситуацијата околу австрискиот репрезентативец, но Баерн Минхен е главен фаворит за неговиот потпис. Се очекува напаѓачот да донесе одлука за својата иднина до крајот на месецот.