Вечното српско дерби меѓу белградските великани Партизан и Црвена Звезда им припадна на „црвено-белите“ по неколку сомнителни одлуки на судијата Илиќ, а тоа предизвика реакција и од таборот на „црно-белите“ кои најавија дека ќе го бојкотираат купот.
Партизан излезе со соопштение дека судијата Павле Илиќ со неговите одлуки директно влијаел врз конечниот резултат на натпреварот.
„Срамниот судија Павле Илиќ вторпат по ред на грозен начин го ограби Партизан и го уништи дербито. Човекот кој нема срам, ниту е писмен го измасакрира нашиот клуб. Партизан во следните денови ќе одлучи дали воопшто ќе игра во Купот против Ц. Звезда затоа што не сакаме повторно некој судија да нè оштети како Илиќ“, соопшти Партизан.