Тимот на Барселона успеа да се пласира во четвртфинале во ЛШ со двајца голобради тинејџери во стартниот состав, бидејќи покрај Ламине Јамал, вчера во почетниот тим на Чави беше и Пау Кубарси.
И двајцата беа брилијантни против Наполи и покажаа дека фановите не треба да се грижат додека функционира „Ла Масија“ школата во Барселона, па иако Кубарси вчера ги украде насловните страни поради тоа што го доби МВП признанието од УЕФА, за истакнување е и еден потег на Јамал.
Ламин има само 16 години и веќе знае да игра на највисоко можно ниво, а вчера го издрибла Оливера дури и во ситуација кога падна на земјата.
Јамал се лизна пред да ја прифати топката, но потоа извонредно се снајде и му продаде „тунел“ на противничкиот дефанзивец.
Младиот фудбалер се избори за прекршок и побара поддршка од фановите на Барса, а набрзо после ова, домашниот тим го реши мечот и ги постави конечните 3:1.
https://twitter.com/i/status/1767897217610682774