Македонскиот репрезентативец, бисерот Елиф Елмас е цел на Манчестер Јунајтед и на Евертон, открива „Калчомеркато“. Англиските премиерлигаши тргнуваат во последна офанзива во летниот преоден рок, а тоа би можело да донесе и нов мегатрансфер на Елмас.
Евертон е силно заинтересиран за одличниот играч за врска на Наполи. Менаџерот Франк Лампард смета дека Елмас би донел голем квалитет во средниот ред на неговиот тим, а во игра е и Манчестер Јунајтед кој бара уште еден квалитетен играч во линијата за врска откако пропадна трансферот на Адриен Рабио од Јувентус.
Покрај Елмас, Манчестер Јунајтед се интересира и за Ирвинг Лозано, крилниот напаѓач на Наполи.