Полската ѕвезда Роберт Левандовски ќе го напушти Баерн Минхен една година пред истекот на договорот, а тоа на српскиот напаѓач Лука Јовиќ може да му овозможи уште еден трансфер од соништата.
Левандовски би можел да стане нов напаѓач на Барселона ова лето, а неговиот сегашен клуб на „Алијанц арена“ би можел да го доведе Лука Јовиќ.
Србинот прикажуваше одлични игри во Бундес-лигата, па иако никогаш не успеа да се наметне во Реал Мадрид, раководството на Баерн Минхен верува дека неговиот голгетерски потенцијал е огромен.
Неверојатно е како Лука Јовиќ во дресот на Реал Мадрид постигна само три гола на 49 натпревари во три сезони.