Наполи вечерва (21 часот) на стадионот „Диего Армандо Марадона“ ја пречекува Барселона во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на Европа. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се очекува да биде стартер во тимот на Лучијано Спалети, а првиот дуел на „Камп Ноу“ заврши 1-1.
Аријан Адеми е повреден, но Стефан Ристовски треба да биде во тимот на Динамо Загреб на денешниот реванш против Севилја. Шпанскиот претставник обезбеди предност од 3-1 по првата пресметка.
Бобан Николов со Шериф Тираспол ќе гостува во Португалија, а неговиот тим има предност од 2-0 по првата средба.
Борусија Дортмунд има „невозможна мисија“, со оглед дека дома загуби (2-4) од Глазгов Ренџерс, а сега ќе треба сето тоа да го надомести во Шкотска. Згора на тоа, ќе биде без својот најдобар напаѓач, Ерлинг Халанд.