Бразилците од овие два клуба се обединија и во заедничка видео-порака побараа да бидат спасени од Украина. Меѓу нив е и Жуниор Мораеш, кој иако е од Јужна Америка има украински пасош и 11 настапи за својата нова татковина, од која сега сака да побегне.
„Сите наши роднини и пријатели чекаат решение за нашата судбина. Затворени сме во хотелот и чекаме. Ситуацијата е очајна. Ве молиме да го споделите ова видео за тоа да дојде побрзо до нашата влада. Границите се затворени, но и банките. Нема гориво, се помалку има храна, а ние немаме пари. Се собравме сите Бразилци заедно и сакаме веднаш да ја напуштиме Украина“, се вели во обраќањето на фудбалерите.
Војната значеше и суспендирање на првенствата во сите спортови во оваа држава, меѓу кои и фудбалското.