Рен привремено се врати на второто место во француската Лига 1, но малку фалеше да остане и без победа после предност од три гола на гости кај Ремс,но победи и го продолжи патот кон ЛШ. Домаќинот Ремс промаши и пенал во поразот со 2-3 во 31-то коло во елитната лига во Франција.
Бенжамин Бурижу со два гола за четири минути (39. и 43-та минута) во завршницата од првиот дел ја најави победата на Рен, па Терие во 58-та додаде и трет гол, но кога сите мислеа дека заврши пресметката, малку недостигаже да се случи епски кам-бек.
Ремс само две минути по третиот примен гол погоди за да се врати во мечот преку Буси, но Думбија во 78-та промаши пенал, а Кахус на девет минути пред крајот го врати својот тим комплетно во мечот, но до крајот не успеаа да го запрат Рен.
Рен сега има 56 бода, колку што има и Марсеј со меч помалку во првата тројка и оваа победа е исклучително важна за продолжување на патот кон место во Лигата на шампионите во следната сезона. Ремс со поразот остана на 36 бода во сигурната зона, девет од првиот од трите на позициите за испаѓање, Сент Етјен.