Искусниот шведски напаѓач Милан, Златан Ибрахимовиќ е еден од оние спортисти чии зборови имаат тежина. Златан без влакна на јазикот зборува на различни теми, па така беше и овојпат.
Во САД многу спортисти на свој начин ја водеа борбата против расизмот, а еден од предводниците на таа борба според многумина е најдобриот кошаркар на сите времиња Леброн Џејмс.
Одличниот американски кошаркар со своите постапки и медиумски настапи се бори против расизмот, а на почетокот на годината, коментирајќи ја борбата на Леброн, Ибрахимовиќ истакна дека треба да се воздржува од политички говори и дека треба да спортува.
Џејмс потоа одговори дека нема намера да се занимава само со спорт и дека ќе продолжи да поставува прашања за еднаквост, социјална неправда и расизам, а Ибрахимовиќ потсети на зборовите на Леброн за странските медиуми.
„Спортот ги зближува луѓето, а политиката ги дели. Но, јас не се занимавам со политика, ако се занимавав, ќе бев претседател“, рече Ибрахимовиќ.
Познато е дека навивачите на Рома неодамна му скандираа на Ибрахимовиќ дека е циган, што наиде на реакција кај италијанската јавност, а шведскиот напаѓач за време на натпреварот им одговори на свој начин.
Кога постигна гол од слободен удар, ги крена рацете во воздух и ги замоли навивачите на Рома да продолжат со провокациите. Токму поради овие настани се сети на зборовите на Леброн.
“Јас лично не го познавам Леброн. И не го осудувам. Без разлика што чувствува за расистите, тој е во право, бидејќи кога 50.000 луѓе те нарекуваат ебан циган, тоа е исто. Тоа е исто така расизам”, рекол Ибрахимовиќ. но уште еднаш подвлече дека не се занимава со политика и дека шири љубов преку спортот.
“Но, јас не се занимавам со политика. Јас се занимавам со спорт. Вака ширите љубов”, рекол 40-годишниот Швеѓанец.