Голгетерот на Аргентина на Ривер Плата, 21-годишниот Хулијан Алварез го привлекува вниманието на се повеќе големи клубови, а последен во низа е Реал Мадрид, објавија италијанските медиуми.
Тие наведуваат дека Реал неодамна остварил контакт со претставниците на Алварез, кој постигна 16 гола на 17 настапи во аргентинскиот шампионат.
Исто така, во Аргентина пристигнаа и претставници на Јувентус со задача да го скаутираат напаѓачот на Ривер и да проценат дали вреди да се плати отштета од 20 милиони евра.
Меѓу заинтересираните се Милан и Фиорентина, а договорот на Алварез истекува на 31 декември 2022 година.
Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина во зимскиот преоден рок би можела да го продаде одличниот српски напаѓач Душан Влаховиќ кој одби да го продолжи договорот и парите да ги искористи за трансфер на Алварез.