Екипата на Мајорка успеа да триумфира во натпреварот со Атлетико Мадрид со голот на Ведат Муричи.

Косовецот погоди на средината на второто полуреме од пенал, а потоа Атлетико не успеа да се врати резултатски во игра.

Ова за тимот на Мајорка е, и тоа како важен триумф затоа што по серијата порази, доаѓа победа со која се излезе од опасната зона за испаѓање. Мајорка стигна до 28. бод сезонава, а Атлетико сега е четврти со ист број на бодови како и Барселона но и два меча одиграни повеќе.