Раководството на торински Јувентус потврди дека нема лесно да ја прифатат казната за одземање 15 бода, која вчера им ја изрече италијанската федерација, па веднаш најавија жалба со цел да дојдат до укинување или, пак, до помала санкција.
Обвинителите прво побараа одземање на девет бодови, поради што како шок дојде информацијата дека „бјанконерите“ ќе имаат минус со дополнителни шест бода од очекуваното зад салдото на табелата во Серија А. Казната е поради лажно кревање на вредноста на фудбалерите при правењето трансфери, особено во време на пандемијата со коронавирусот, со цел да се прикаже профит.
Покрај казната, со која Јувентус паѓа на 10. место на табелата со само 22 поени, клубот остана без спортски директор, бидејќи Федерико Керубини доби суспензија од 16 месеци, додека поранешните лидери на клубот, Андреа Ањели и Маурицио Аривабене се суспендирани на две години, а Павел Недвед ќе мора да биде надвор од фудбалот во следните осум месеци.
Јувентус потврди дека почнале со процесот за апелација пред Италијанскиот олимписки комитет.