Фудбалерите на Сарбрикен продолжија со сензации во Купот на Германија, откако елиминира уште еден голем фаворит. Третолигашот триумфираше на домашен терен против Борусија Менхенгладбах (2-1).
Драмата да биде уште поголема, решавачкиот гол на средбата беше постигнат во третата минута од судиското надополнување на крајот, со што пред овој тим падна уште еден бундеслигаш, откако претходно ги елиминира Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт. Екипата од Менхенгладбах дојде во водство уште во осмата минута со голот на Робин Хака, но домаќинот изедначи само три минути подоцна преку Наифи. Каи Брунер во 93. минута предизвика екстаза на стадионот и нова сензација за тимот од германската Трета лига.
Сарбрикен со ова дојде до пласман во полуфиналето во кое ќе играат против второлигашот Кајзеслаутерн. Во второто полуфинале ќе играат Баер Леверкузен и второлигашот Фортуна Дизелдорф, што е прв пат во историјата на германскиот Куп во оваа фаза да има само еден тим од Бундеслигата, а останатите три екипи да се од пониските лиги.