Карлос Алкараз се пласира во четвртфинале на турнирот во Индијан Велс, откако славеше против Фабијан Марешан со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3 за 77 минути.
Шпанскиот тенисер Алкараз беше сигурен на свој сервис во двата сета, а двапати направи брејк во првиот сет и уште еден во вториот со што ја обезбеди победата.
Шпанецот притоа ја оствари јубилејната 50. победа на Мастерс-1000 турнирите и стана втор тенисер во историјата кој успеал да оствари такво нешто пред да наполни 21 година.
Карлитос во четвртфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Германецот Александар Зверев и Австралиецот Алекс де Минаур. Шпанецот ја брани титулата на Мастерсот во Индијан Велс, откако минатата година во финалето го совлада Данил Медведев со 6-3, 6-2.
Мастерсот во Индијан Велс се игра за награден фонд од 9.495.555 долари.