Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа со само два загубени гејма ја помина првата пречка на турнирот во Ларнака, Кипар.
Ѓорческа со 6-1 и 6-1 ја совлада домашната тенисерка Марија Сиопача и се пласира во следното коло од турнирот кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Италијанката Паолети и Французинката Јаничијевиќ која е осма носителка на турнирот.
Ѓорческа на овој турнир настапува и во двојки со Лола Радивојевиќ.