Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари победа во два сета со 6-4 и 6-4 против Французинот Саша Гимар Вајенбург за пласман во осминафинале на турнирот во Сетубал, Португалија.
Ивановски е трет носител на турнирот, а мечот го почна одлично и го доби првиот сет со 6-4, а со сигурна игра продолжи и во вториот сет кој му припадна со идентичен резултат (6-4).
Калин во осминафиналето ќе се судри против подобриот од мечот меѓу португалските тенисери Дуарте Вале и Франциско Роча.