Македонските тенисери Калин Ивановски и Берк Бугариќ ја запишаа првата победа во конкуренција на двојки на челинџер турнирот во Скопје.
Ивановски и Бугариќ триумфираа против Раџа Пурав и Дивиј Шаран од Индија со 2-1 во сетови, односно 4-6, 6-1 и 10-7.
За пласман во полуфинале, Ивановски и Бугариќ ќе се борат против Петр Ноуза и Ендрју Полсон од Чешка.